Вториот капитен на Реал Мадрид, Лука Модриќ смета дека тимот не е фаворит против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.
Според него, шансите на двете екипи да го подигнат трофејот на турнирот се подеднакви.
-Многу сме задоволни што сме тука и со голема самодоверба пред најважниот натпревар во годината. Се надеваме дека ќе се справиме добро. Неверојатно е што можам да му парирам на Пако Хенто во трофеите на турнирот, започна Хрватот.
Посочи дека останува само еден мал чекор до целта и тој треба да го направат како тим.
-Би било импресивно да имам шест трофеи во Лигата на шампионите. Сите не посочуваат како фаворити, но тоа не е така. Финалето го гледам како 50:50. Дортмунд е голем тим кој имаше силна сезона во ЛШ, па ќе ни отежнат, прокоментира искусниот играч за врска за време на прес-конференцијата во Мадрид пред финалето