Заедно со Килијан Мбапе, Реал Мадрид оваа сезона ќе додаде (барем) уште еден играч од светска класа во тимот. Алфонсо Дејвис е се поблиску до пристигнувањето во шпанската престолнина.
Канадскиот репрезентативец пред неколку дена изрази желба да премине во тимот од Мадрид. Тој веќе ги договорил личните услови со „кралскиот клуб“, сега останува да се договорат двата клуба.
Наводно Реал е подготвен да му понуди на Баерн 40 милиони евра за да го доведе Дејвис, но останува да се види дали Баварците ќе ја прифатат таа понуда, со оглед на тоа што пред два месеци побараа 70 милиони.
Реал Мадрид на позицијата лев бек го има Ферлан Менди, кој мака мачи со повреди, па логично решение е доведување на нов лев бек. Дејвис одигра одлично оваа сезона за Баерн и придонесе многу офанзивно.
Брзоногиот дефанзивец, кој по потреба игра и како крилен напаѓач, постигна два гола и шест асистенции.
Покрај Реал Мадрид, интерес за Дејвис покажа и Челси, а канадскиот репрезентативец е голема желба на новиот тренер на сините, Енцо Мареска.