Кошаркарите на Бостон, условно кажано, се прошетаа до финалето на НБА лигата каде против Далас ќе се борат за титулата, а пред мечот со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг ќе бидат побогати за присуството на Кристапс Порзингис.
Летонскиот центар, кој оваа сезона беше од огромно значење за Селтикси, ќе се врати на паркетот по повеќе од еден месец одмор кога го повреди мускулот на ногата против Мајами во натпреварот бр.4 од првото коло од плеј-офот.
Момчето, кое сезонава постигнуваше 20 поени, седум скока и две асистенции по натпревар, пропушти дури 16 натпревари за Селтикси во плеј-офот, а сега е подготвен да се врати и да се справи со најдобриот тим на Западот!
-Благодарам на сите што ме поддржувавте во текот на целата сезона, наскоро ќе се вратам на теренот. Се гледаме во финалето, напиша Порзингис, кој сериозно почна да тренира и според првите проценки, се чини дека повредата не оставила трага.
Првиот натпревар од финалето на НБА е закажан за 6 јуни во Бостон.
Селтикси ќе бидат домаќини на вториот натпревар (9 јуни). Серијата потоа се сели во Далас (12 и 14 јуни), додека датумите за преостанатите можни натпревари се: 17 јуни (Бостон), 20 јуни (Далас) и 23 јуни (Бостон)