Арне Слот се појави на ново работно место, на „Енфилд“. Ова официјално го означува почетокот на новата ера во Ливерпул.
По речиси девет години со Јирген Клоп, „црвените“ започнуваат ново поглавје. И тоа со Арне Слот на клупата.
Слот пристигна на првиот ден од неговата нова работа, каде се очекуваат сериозни промени.
Со Јирген Клоп, Ливерпул го прекина 30-годишниот пост во домашното првенство, а покрај Премиер лигата ги освои и Лигата на шампионите, ФА Купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и два Лига купа.