Фудбалерот на Реал Мадрид - Џуд Белингем, ја прокоментира победата на неговиот клуб Реал Мадрид против Борусија Дортмунд со 2:0 во финалето на Лигата на шампионите.

Ова беше прва сезона за Британецот со „кралевите“ и дефинитивно се радуваше на овој голем успех.

-Отсекогаш сонував да играм на вакви натпревари. Ваквите натпревари потсетуваат дека се е можно. Навистина, ова што го постигнавме денес е нешто големо. Навистина не можам да го опишам со зборови. Го загубивме само Копа дел Реј, но не можев да сонувам за подобра сезона. Апсолутно сите беа совршени, изјави Англичанецот.

Фудбалерот на „лос бланкос“ сепак додаде дека победата не дошла на најлесен начин.

-Морам да бидам искрен - тие беа подобриот тим во првото полувреме. Можеа да водат со два или три гола разлика. Но, само со нашиот карактер можевме да се вратиме, додаде Белингем.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2024 04:14