Жозе Мурињо денеска нешто по пладне допатува во Истанбул, каде вечерва се очекува да присуствува на промоција во Фенербахче.

Трофејниот португалски тренер потпиша двегодишен договор со амбициозниот клуб, а доаѓањето на Мурињо одекна како бомба во светот на фудбалот.

Навивачите на Фенербахче веќе го пречекаа Португалецот на аеродром, кој ги поздрави, а вечерва во 19 часот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ е промоцијата на еден од најуспешните тренери во европскиот фудбал во последните две децении.

Мурињо потоа со хеликоптер отиде во азискиот дел на Истанбул, а кога беше во близина на стадионот остави порака на социјалните мрежи: „Мојот нов дом“.

Пред зградата на „фенерите“ веќе има луѓе кои нетрпеливо го чекаат Португалецот.

Навивачите на Фенербахче, секако, паднаа во екстаза откако оваа вест со молскавична брзина се прошири низ Европа. Тоа им беше потребно по долгата, болна и во многу случаи спорна трка со Галатасарај, во која титулата на крајот му припадна на најголемиот ривал.

Набргу потоа беше сменет техничкиот директор Исмаил Картал и се отвори простор за доаѓање на Мурињо, кој - според првите оскудни информации - ќе добие целосна контрола врз составот и управувањето на тимот.

Мурињо ја доби новата работа пет месеци откако доби отказ од Рома, деветти клуб со кој раководеше во кариерата по Бенфика, Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, повторно Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Првиот човек кој ги освоил Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига, беше шампион на Португалија, Англија, Италија и Шпанија.

Сега е негов ред да ја освои Турција



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2024 05:09