Хавиер Гарсија Пимиента е новиот тренер на Севиља, соопштија од клубот. 49-годишниот стручњак за последен пат го водеше Лас Палмас.
Неговиот договор е на две години.
Голем дел од тренерската кариера на Гарсија Пимиента помина во школата на Барселона, каде го водеше и Б тимот на Каталонците. Тој во изминатите две сезони беше на чело на Лас Палмас.
На чело на Севиља доаѓа на местото на Кике Санчез Флорес.