Џејден Санчо призна дека е подготвен да се врати во Манчестер Јунајтед под еден услов, а тоа е Ерик тен Хаг повеќе да не раководи со „црвените ѓаволи“. Англискиот репрезентативец не успеа да се наметне во тимот по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд за 73 милиони фунти во 2021 година и се врати на „Вестфален“ на позајмица овој јануари.

Ова стана факт откако во септември офанзивниот фудбалер влезе во сериозна пресметка со менаџерот на клубот. По враќањето во Борусија, Санчо повторно ја откри својата кариера и играше во финалето на Лигата на шампионите, каде загуби со 2:0 од Реал Мадрид.

Дваесет и четири-годишниот фудбалер сега треба да се врати на „Олд Трафорд“ и според „Мирор“, тој се согласува, се додека тимот повеќе не го води Тен Хаг. Потсетуваме, Санчо одби да му се извини на Холанѓанецот поради една лута објава на социјалните мрежи по која го отстрани од тимот на Јунајтед.

Важно е да се напомене дека случајот тренерот во Манчестер Јунајтед се уште „виси“ во воздух, бидејќи не е одлучено кој ќе биде менаџер на тимот во новата сезона. Кандидати за позицијата се Томас Тухел, Томас Франк и Маурисио Покетино, како и англискиот тренер Герет Саутгејт.

Сепак, постои можност Тен Хаг да продолжи да го води тимот од северозападниот дел на Англија



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2024 04:09