Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 3:0 (2:0) во пријателски натпревар одигран во Ријека.

Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и не дозволи изненадувања, а Македонија немаше некоја посериозна шанса за гол.

Во 10. минута Мајер со прекрасен гол од слободан удар го отвори резултатот. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45 минута, додека потврда на победата стави Пашалиќ во 79 минута.

Следниот натпревар на Македонија е на 10. јуни на гостински терен кај Чешка



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2024 04:19