Управниот одбор на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус потврди синоќа дека постигнал спогодбен раскин на договорот со тренерот Масимо Алегри.

Јувентус се раздели со Алегри по финалето на Купот на Италија во кое клубот од Торино ја победи Аталанта со 1-0.

Алегри по натпреварот имаше испади кон претставници на медиумите и судискиот персонал, но и кон спортскиот директор Кристијан Џунтоли.

Клубот го нарече однесувањето на Алегри неприфатливо и против вредностите на клубот и фудбалот.

Јувентус потоа двата завршни натпревари во сезоната ги одигра под водство на Паоло Монтеро, кој го тренира младинскиот тим до 19 години.

Јувентус, кој сезоната ја заврши на третото место со 23 бода помалку од првопласираниот Интер, сега е во потрага по нов тренер.

Медиумите неодамна пишуваа дека Јувентус пројавува интерес за Тиаго Мота, кој го освои петтото место во првенството оваа година со Болоња.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2024 16:54