Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство.

Според ОПТА, англиската репрезентација е главен фаворит за европската титула со 19,9 проценти, пред Франција (19,1 отсто) и домаќинот Германија (12,4 отсто).

Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Селекцијата на Англија во групата фаза за противници ќе ги има селекциите на Словенија, Данска и Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2024 17:06