По повод 100-годишннната од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распиша конкурс за книжевна творба –раскази или есеи, на кој пристигнаа вкупно 28 книжевни творби од кои 18 раскази и 10 есеи, минформираат од библиотеката.

Жири-комисијата одлучи првата награда да ја додели на „Помошникот“ – шифра „Црниот обелиск“, автор Емилија Гиноска. Втората награда е за „Средба со пријател“ – шифра „Еднорог“, автор Катерина Момева, а третата за „Алгоритам на смртта“ – шифра „Енџелс роуд“, автор Ненад Живановски – Столиќ.

Сите три главни наградени книжевни творби се раскази, кои се одделија не само по својата смисленост (почеток, средина, крај), туку по умеењето да се навлезе во кафкијанската атмосфера и теми, за читателот да ги прифати со задоволство, посочуваат од гевгелиската библиотека.

Жири-комисијата била во состав: проф. д-р Александар Прокопиев (претседател), проф. д-р Славчо Ковилоски (член) и доц. д-р Билјана Рајчинова-Николова (член)

Жирито доделило и уште три дополнителни признанија за пристигнатите творби, меѓу кои уште една од нив спаѓа во рамките на кратката проза, а дополнителни две се есеи.

Две дополнителни признанија добиле и есеите инспирирани од творештвото на Кафка



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2024 12:12