Централниот бек на премиерлигашот Борнмут и унгарски репрезентативец Милош Керкез е на чекор до преселба во Манчестер Јунајтед, пренесува денеска локалниот весник Манчестер Ивнинг Њуз.

Дваесетгодишниот дефанзивец има пазарна цена од 20 милиони фунти, но управата на Борнмут ќе инсистира на поголема сума при евентуалниот трансфер.

Унгарскиот репрезентативец одигра 33 натпревари измината сезона за Борнмут и импресионираше со цврстата игра во одбраната.

Керкез има 15 настапи за Унгарија со која ова лето ќе настапи на Европското првенство во Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2024 12:37