Демократскиот чин во Премиер лигата за останување или укинување на ВАР технологијата заврши според очекувањата. Од 20 клубови во најдобрата лига на светот, 19 гласаа дека ВАР технологијата останува, а единствениот беше против Вулверхемптон.
-Како дел од фундаменталните дискусии на нашето годишно собрание, беше договорено дека „ПГМОЛ, Премиер лигата и клубовите имаат важна улога во подобрувањето на ВАР системот, неговата примена и угледот. Како дел од тековната работа за подобрување на ВАР, имаме и клучни области, соопштија од Премиер лигата.
Тие точки на подобрување се: одржување на висок праг за ВАР интервенција, намалување на доцнењето на играта, што ќе се случи со воведување полуавтоматски офсајд (САОТ), подобро информирање на навивачите за донесување одлука, објавување на судијата по промена на одлуката, спроведување на обука за ВАР, транспарентност и комуникација со ВАР, кампањи на навивачите и едукација за ВАР системот.
Полуавтоматската офсајд технологија ќе биде воведена наесен оваа година, не е јасно дали ќе ја има од првото коло во Премиер лигата или ќе се применува во текот на првиот дел од сезоната 2024/25