Насер Ал-Хелаифи, претседателот на Пари Сен Жермен, истакна дека шампионот на Франција влегува во нова ера.
Неодамна еден од најдобрите играчи во светот Килијан Мбапе го напушти Париз. Пред него тоа го направија Лионел Меси и Нејмар.
Ал-Хелаифи и неговите колеги се обидоа да го задржат Мбапе, но капитенот на француската репрезентација реши да замине во Мадрид како слободен играч.
-Влегуваме во нова фаза на развој. Знаеме што направивме со Меси, Нејмар и Мбапе. И знаеме колку направивме за да го промовираме клубот. Сè уште ќе имаме врвни поединци, но во иднина тимот ќе биде на прво место, изјави Ал-Хелаифи