Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид испратил официјална понуда до Манчестер Сити за аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез, пренесе шпанска Марка.

Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на Атлетико на аргентинскиот фудбалер му гарантира место како стартер следната сезона во мадридскиот клуб.

Сепак, челниците на Манчестер Сити не сакаат да го продадат Алварез, кој оваа сезона се покажа како добро решение на позициите напаѓач и среден бек.

Во Шпанија тврдат дека Алварез би можел да побара трансфер во летниот преоден рок, бидејќи не сака да седи на клупата за резервни играчи и да биде во сенка на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.

Алварез (24) е член на Манчестер Сити од 2022 година, а има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2028 година.

Тој оваа сезона одигра 54 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања и постигна 19 голови



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 01:23