Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците во Б – Дивизијата во Лигата на нации.

Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата Б3 заедно со Унгарија, Литванија и Андора.

Мини квалификациските турнири во сите групи треба да се одиграат во периодот меѓу 1 јули и 3 декември.

Пласман во А дивизијата ќе обезбедат првопласираните репрезентации во седумте групи, како и најдобро второпласираната селекциа.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 12:21