Општина Центар известува дека ЕВН Македонија АД започна со активности на терен во дел на Паркот франкофонија за да обезбеди времен пристап за изградба нови електроенергетски објекти, односно нов 110 кВ вод во Општина Центар, што е од витално значење за квалитетно напојување и инфраструктурен развој на општината и Град Скопје.

Планираните активности со поставување тампонски материјал, ќе се одвиваат во втората и третата недела од месец јуни 2024, од улицата Аминта Трети (Министерство за земјоделие) до Кеј 13 Ноември (Кеј на Вардар).

Веднаш по завршувањето на активностите, ЕВН Македонија е должен да пристапи кон возобнување на сите површини оштетени со изградбата на времениот пристап и нивно враќање во првобитна состојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 13:59