С.А.Р.С, Тајзи и Брас Брадерс ќе настапат на првото издание на музичката манифестација „Скопје се лади" што ќе се одржи вечер со почеток во 20:30 часот на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

„Скопје се лади" е замислен како платформа за поддршка на музичари кои негуваат ист или сличен стил на музика која допира до секого.

- Три концерти во една вечер почнувајќи со енергичните битолчани Брас Брадерс кои изминатиов месец имаа полна агенда од настапи низ цела Македонија, и ќе бидат вистинско освежување со препознатливиот ритам на драм енд бејс и балкански звук. На сцената ќе настапи и раперот Тајзи кој е миленик не само на младата туку и на повозрасната публика, изведувајќи ги добро познатите нумери: Моментот, Така пишано е, Сине, Регетон, Дома си е дома и многу други, давајќи и на публиката и акустичми верзии на некои од овие хитови. Директно од хрватската турнеја од Сисак и Загреб во Македонија ни доаѓаат и српските изведувачи С.А.Р.С кои се добро познати со своите нумери: Лутка, Перспектива, Буџав лебац"..., наведуваат организаторите на „Скопје се лади".

Влезници можат да се набават во Купи карти за се и на 44eventmk.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2024 08:21