Репрезентацијата на Германија синоќа ја победи Грција со 2:1 во пријателски натпревар одигран на „Борусија-Парк“ во Менхенгладбах пред 55 илјади гледачи.

Грчкото крило Георгиос Масурас погоди во 33. минута. Каи Хаверц израмни во 56. минута. Во финишот (89. минута) Паскал Грос и донесе победа на Германија.

Германија во групната фаза на Европското првенство 2024 ќе игра против Шкотска, Унгарија и Швајцарија.

Покрај Англија и Франција, Германците кои ќе бидат домаќини на Евро, се вбројуваат во фаворити за шампионскиот трофеј



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2024 09:06