Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, новиот договор ќе важи до летото 2025 година. Забележано е дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го смета Витсел за важен играч за тимот.

Минатата сезона 35-годишниот Белгиец кој играше на позицијата централен дефанзивец одигра 51 натпревар за клубот и постигна два гола.

Пред да направи трансфер во Атлетико Мадрид во 2022 година, Витсел настапуваше за Босрусија Дортмунд, Тианјин, Зенит, Бенфика и Стандард Лиеж.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2024 12:00