Втор менаџер од Премиер лигата ја напушти својата работа од почетокот на сезоната.

Лестер го отпушти Стив Купер, кој издржа само неколку месеци. Тој го замени Енцо Мареска летото кога Италијанецот го напушти клубот за да го преземе Челси. Тренерската смена во Лестер доаѓа токму по поразот од лондончани. „Лисиците“ се 16-ти во поредокот, на два бода од зоната за испаѓање по 12 одиграни натпревари.

-Тренингот на првиот тим ќе го води тренерот на првиот тим Бен Досон, со помош на Дени Алкок и Енди Хјуз, додека клубот го започнува процесот на назначување нов менаџер, кој се надеваме дека ќе биде завршен што е можно побрзо, соопштија од Лестер.

Купер претходно го водеше Нотингем, од каде беше отпуштен во декември 2023 година. 44-годишниот менаџер го водеше Нотингем до промоција во 2022 година и ги задржа во елитата следната сезона.

Ова е втора тренерска смена во Премиер лигата, а првата дојде пред паузата за настап на репрезентациите, кога Рубен Аморим беше назначен во Манчестер Јунајтед на местото на Ерик тен Хаг.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:45