Раководството на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити на својата интернет страница објави дека го продолжи договорот со голманот Стефан Ортега до 2026 година.

Самиот голман изрази задоволство што ќе остане во тимот и во следните две години.

- Секој ден чувствувам нова мотивација и предизвик. Се подобрив како голман откако дојдов овде пред две години, вели Ортега во изјавата за официјалниот сајт на „Граѓаните“.

Голманот се пресели во Манчестер сити во летото 2022 година. Минатата сезона учествуваше на 20 натпревари на сите турнири, од кои на осум ја зачува мрежата „чиста“.

Вредноста на Ортега на фудбалскиот пазар изнесува девет милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2024 12:02