Удинезе не го продолжи договорот со Канаваро. Фабио го задржа клубот во Серија А.
Тренерот за оваа одлука на клупското раководство објави на социјалните мрежи.
- Претседателот Поцо денеска ме информираше за одлуката да не го продолжиме нашиот работен однос. Му благодарам за можноста. Жал ми е што не можам да го продолжам ова кратко, но интензивно патување. Би сакал да појаснам дека од моја страна имаше желба за продолжување на соработката. Му посакувам среќа на клубот, играчите и прекрасните навивачи на Удинезе, напиша Канаваро.
Италијанецот го презеде клубот во април, кога беше на 17. место, Под водство на Канаваро, Удинезе ја заврши сезоната на 15. место и остана во најквалитетната фудбалска лига во Италија.