Напаѓачот на Арсенал и репрезентацијата на Бразил, Габриел Мартинели смета дека неговиот сонародник од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор заслужува да ја добие Златната топка.

- Се разбира, голема гордост е да се игра со него во националниот тим. Да видам каков посебен и достоен тип е. Многу сум среќен што сум Бразилец и што го гледам Винисиус како блеска. Според мене, тој ја заслужува Златната топка. Многу сум задоволен што ќе играм со него на истиот терен, изјави Мартинели за „Goal“.

Во сезоната 2023/24, Винисиус одигра 39 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна 24 гола и даде 11 асистенции.

Винисиус со Реал Мадрид ја освои шпанската Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2024 13:23