Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека вратата да се врати на клупата на Барселона е целосно затворена за него.
Каталонецот повика на трпение и поддршка за новиот тренер на тимот Ханзи Флик, а исто така беше дециден дека не сноси вина за тоа што му се случи на Чави, кој долго време го споредуваа со Гвардиола, а неодамна доби отказ.
Самиот Гвардиола имаше незаборавен период на чело на Барселона помеѓу 2008 и 2012 година, освојувајќи три титули и две почести во Лигата на шампионите во период од четири сезони.
-Вратата за моето враќање во Барселона е целосно затворена. Јас сум во Манчестер, не сум во Барселона и затоа не ги коментирам тамошните процеси. Сигурно е дека тоа што му се случи на Чави не е моја вина. Не сум бил таму многу години и сигурно не сум меѓу виновниците. Му посакувам се најдобро и на Ханзи Флик, сета среќа на светот. Не сме се сретнале скоро, но се видовме неколку пати во Манчестер. Тоа што го направи во Баерн беше исклучително, освои се. Има и меѓународно искуство. Сега сите треба да му дадат поддршка во клубот, целосна поддршка, но во исто време ќе му треба време бидејќи ќе мора да се прилагоди на стилот и играчите што ги има, изјави Гвардиола