Наградниот фонд за Европското фудбалско првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија е непроменет во однос на претходниот континентален турнир и идентично како и на паневропското ЕВРО2020, на кое пред три години доминираше пандемијата на коронавирусот, УЕФА на репрезентациите учеснички ќе им распредели вкупно 331 милион евра.

Секоја репрезентација со самиот пласман на ЕУРО2024 ќе заработи по 9,25 милиони евра.

За победа во групната фаза на турнирот во Германија се доделуваат дополнителни еден милион евра, а за реми половина милион евра.

Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милиони евра, четвртфиналето со 2,5, а полуфиналето со четири милиони евра.

Дополните пет милиони евра ќе инкасира поразениот финалист, а осум милиони евра ќе добие новиот европски првак.

Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион доколку ги оствари сите три победи во групата е 28,25 милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2024 19:43