Истражувачи од холандскиот Кралски институт за морски истражувања (НИОЗ) открија корален гребен долг еден километар, а неоштетен од глобалното затоплување. Истражувачкиот тим го открил гребенот случајно по три недели пловење во јануари, објави денеска „НЛ тајмс“ (NL Times).

Коралот е откриен близу островот Курасао во јужниот дел на Карипското Море во кај северниот брег на Венецуела.

Според Ленарт де Нојер, наодот не бил објавен порано поради стравот дека луѓе ќе отидат таму и ќе предизвикаат оштетување на гребенот. Поради истата причина, Де Нојер претпочита да не каже каде точно се наоѓа коралниот гребен.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 03:13