Општина Ѓорче Петров објавува јавен повик за вклучување во програмата општинско-корисна работа. Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско - корисна работа, проект „Обезбедување помош и поддршка при самостојно живеење на стари лица и лица со попречености“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци, информираат од Општината.

Оттаму појаснуваат дека евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

-Станува збор за следните работни места: Фасилитатор-унапредувач на социјалниот дијалог – една позиција. Потребни квалификации - завршено најмалку средно образование, активен барател на работа. Станува збор за теренска работа, директен контакт со лицата што се во социјален ризик и мапирање со проблемите со кои тие се соочуваат и нивна анализи, селектирање и формирање на база на податоци кои подоцна би се користеле за формирање на политики за нивно надминување, лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење-инструменталисти – три позиции. Потребни квалификации - завршено најмалку основно образование, активен барател на работа. Услугата лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење, односно помош и поддршка при вршење инструментални активности во домот, велат од Општина Ѓорче Петров.

Исто така, потребни се и две лица за негователи на стари и изнемоштени – Алцхајмер, палијативна нега или мултиплекс склероза. Потребни квалификации – поддршка во извршување на секојдневните активности, нега и помош во домашни услови.

-Општина Ѓорче Петров на овој начин им помага на невработените лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд, велат од оваа Општина.

Заинтресираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10-ти до 15 јуни 2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 14:59