Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ и менаџерот на тимот на „гробарите“, Лука Вулиќиќ беа суспендирани на четири натпревари по инцидентите во вториот натпревар од финалната серија во српското кошаркарско првенство.

Таа не заврши спортски, бидејќи на Црвена звезда и беше доделена официјална победа од 20-0 и официјална шампионска титула поради навредливите скандирања од навивачите на Партизан.

Така, екипата на Партизан во следната сезона нема да може да се потпре на Обрадовиќ за своите потенцијални натпревари во полуфиналето и финалето на шампионатот.

„Црно-белите“, поради обврските во Јадранската лига, не играат во првенството во регуларниот дел и во битката за титулата се приклучуваат од плеј-офот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 15:05