Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја информира јавноста дека младиот Никола ја победил болеста.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

Младиот Никола ја победи болеста.

Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.

Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.

Ова е победа на сите хумани луѓе!

Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа! – напиша Стефковски.

Инаку, младиот Никола Георгиев има 19 години и му беше утврден канцер за што се организираа бројни хуманитарни активности преку кои беа собрани потребните финансиски средства за негово лекување во Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 15:09