Британскиот политичар и ТВ водител Најџел Фараж денеска бил нападнат додека се поздравувал со граѓаните за време на изборната кампања.

Како што пренесува британски Сан, Фараж бил гаѓан со камења, влажен цемент и кафе од млад човек во центарот на Барнсли додека политичарот ги поздравувал граѓаните од автобусот.

Полицијата набрзо го уапсила човекот кој го таргетирал Фараж.

Фараж одлучи да се кандидира за оваа позиција на изборите на 4 јули, со што поддршката за британската Реформска партија е само два процентни поени помалку од владејачките конзервативци, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од британската агенција за истражување на пазарот и аналитика „YouGov“



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 15:43