Кошаркарот на Бостон Селтикс, Кристапс Порзингис е под знак прашалник за вечерашниот трет натпревар од финалето на НБА.

Порзингис (28) ја повреди тетивата на левата нога во вториот натпревар од серијата, а неговото учество на третиот натпревар во Далас е неизвесно, се вели во соопштението од таборот на Бостон.

-Тој прави се што може за да може да игра. Повредата е сериозна. На крајот на денот, лекарскиот тим нема да го изложи на ризик, изјави главниот тренер на Селтикс, Џо Мазула.

Бостон поведе со 2:0 во финалето на НБА против Далас Маверикс. Се игра до четири успеси од седум можни средби.

Третиот е вечерва по македонско време во Далас



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2024 11:31