Далас губи со 2:0 во финалето на НБА од Бостон. На гостински терен, Маверикс не успеаја да ја воспостават својата игра против најдобриот тим во лигата од регуларниот дел од сезоната. Еден од двајцата главни играчи на „телињата“ ја презеде целосната одговорност.
На првите два натпревари во Масачусетс, Кајри Ирвинг имаше просек од само 14 поени со 35 проценти шут од поле. Тој ги промаши и сите осум негови обиди за три поени на тие два натпревари. Пред тоа, во плеј-офот бележеше речиси 23 поени по натпревар, а имаше и три натпревари со 30 или повеќе поени во финалето на Западната конференција.
По два порази во Бостон, Ирвинг мораше да признае дека не е на ниво во финалната серија.
-Започна со тоа што му кажав на мојот „ермано“ (брат) дека треба да играм подобро за него и со него. За да ја постигнеме целта, треба и двајцата да играме добро и да ги правиме малите нешта. Лесен разговор. Почна со тоа што дојдов и му кажав дека е моја вина. Ја преземав одговорноста што не играв добро, изјави Кајри Ирвинг во вторникот.
Ирвинг рече и дека не играл според стандардите што си ги поставил.
Интересно, тој загуби 12 последователни натпревари против Селтикси откако ги напушти во 2019 година