По тринаесетти пат во Тетово ќе се одржи филмскиот фестивал „Вач аут“ (Watch Out), најавија денес преку прес-конференција претставници на Центар за балканска соработка Лоја. Фестивалот почнува вечер со свечено отворање во дворот од Меморијалниот музеј на Комунистичката партија од 20 часот во текот на овие четири дена до 15 јуни.

-Ова издание на филмскиот фестивал WatchOut ги слави животот и надежта, а истовремено истражувајќи ги неодамнешните реалности и борбата за подобар живот. Фестивалот ја користи уметноста и културата да ги донесе овие наративи на реалноста поблиску до нас, премостувајќи ги со надеж и посветла иднина, истакна Бујар Љума, претседател на Лоја.

Од организацијата на филмскиот фестивал информираат дека биле пристигнати 630 филмови од 81 земја и шест континенти.

-Примените филмови, докажуваат дека кинематографијата емост кој го поврзува свстот поминува сите граници. Среќни сме да посведочиме дека WatchOut преставува славење на кинематографијата и референтна точка за филмските автори и љубителите на филмот. Покрај вечерните проекции, ова издание ќе биде исто така обележаносо работилници и специјални проекции проследени со дебата, кои ќе се случуваат во просториите на Центарот Лоја, истакна Егзона Муслиу.

Жирито на овој фестивал го сочинуваат Јулија Очински, граѓански активист од Германија, Оливер Мусовиќ-уметник од Северна Македонија, Милто Кутали театарски режисер н универзитатски професор од Албанија.

-Жирито ги награди следните филмови, краток игран филм „Доказ за љубов“ на Денис Назари од Италоја, експериментален и анимиран филм „Annа Morphose“, на Јоао Родригес од Португалија, како и документарен филм „Ние, жените преживеани, од Иксасо Диаз од Шпаниј, информира волонтерката Џина од Франција

Сите филмови ќе бидат прикажани во оргиналната верзија со превод на англиски јазик. Во случај на неповолно време проекциите ќе бидат во Центарот Лоја.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2024 11:44