Лука Дончиќ беше видно незадоволен по третиот пораз на Далас Маверикс во финалето на НБА против Бостон.

Словенечкиот претставник го заврши натпреварот на четири минути пред истекот на регуларните 48 минути, бидејќи му беше досуден шестиот фаул по контакт со Џејлен Браун.

Еден од најдобрите играчи во светот не криеше дека е исфрустриран на теренот, а подоцна и на прес-конференцијата.

-Не знам што да кажам. Не ни дозволија да играме со повеќе контакт. Нема да кажам ништо, но шест лични грешки во финалето на НБА? Момци можете подобро од тоа, истакна Лука.

Не му беше лесно од клупата да го гледа крајот на мечот во кој неговиот тим имаше шанса да се врати.

-Имавме шанса, не ја искористивме. Тоа е тоа, додаде Словенецот.

Четвртиот натпревар се игра ноќта меѓу петок и сабота во Далас. Бостон е на една победа од 18. шампионска титула во НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2024 13:48