Во организација на Македонската асоцијација на стилисти за миленици, денеска во Јавна соба се одржа „Пролетно модно шоу за миленици 2024“, каде се претставија петшопови, одгледувачници, увозници на козметика, како и креатори на облека и накит за миленици.

Илија Петковски од Македонската асоцијација на стилисти за миленици посочи дека првпат во земјава се организира ваков тип настан, кој е насочен на одговорно сопствеништво и благосостојба на милениците.

Петковски информираше дека во Асоцијацијата членуваат 20 грумери, односно стилисти за миленици, додека пак, вкупно во земјава се регистрирани 40 салони од овој тип.

– Работиме директно со сопствениците, не работиме со уличните кучиња. Работиме сопственикот да не го напушти своето куче, а нема да го напушти најпрво доколку избере права раса на куче, доколку е сигурен дека може да се носи со таа раса и нивните потреби. Ние сето тоа му го пренесуваме како знаење, меѓутоа има луѓе кои веќе купиле куче и не знаеле дека треба да се чешла, не знаеле дека ноктите треба да се сечат и ваквите работи ги откриваат подоцна, рече Петковски.

Додаде дека денешниот настан се реализираше во рамки на европскиот проект „Пет-нет“, на кој работи Македонската асоцијација на стилисти за миленици истакнувајќи ја соработката со Српската асоцијација на грумери.

– Моментално работиме на европски проект „Пет-нет“, како и со Српската асоцијација на грумери, која што е многу голема. Во Србија има 2.500 салони, во Македонија има 40 салони. Кај нас 100 и нешто илјади чипирани кучиња, додека пка во Србија има 7 милиони, појасни Петковски



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2024 16:31