Седумдесетина професионални велосипедисти од цела држава учествуваа во велосипедската трка „Трофеј Илинден“ што се одржа денеска во Општина Илинден. Учесниците на трката во должина од 100 километри се натпреваруваа во шест категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.

-На големо задоволство на љубителите на овој спорт од категоријата У-23 прв до целта стаса Димитар Јовановски, додека во категорија елит прв до целта стаса Никола Лефков, во категодија јуниори прв беше Андреј мацоски, категодија жени Елена Петрова, кадети Константин Костоски, мастерс Ивица Давидовски, У-13 мажи Христијан Николиќ а од жени Оља Цветанова и категорија У-15 Александар Ристовски и Антонија Маневска, информира Општина Илинден.

Велосипедската трка беше од кружен карактер со стартна позиција од спортската сала „Гоце Делчев“. Се возеше кон општинската зграда, надвозникот во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта – салата „Гоце Делчев”.

Покрај професионалната се одржа и трка за рекреативци, исто така со стартна позиција од пред салата „Гоце Делчев”, од каде се возеше кон Марино, назад кон Илинден, по улица ,,8”, нов кружен тек, улица ,,9”.

-Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на победниците им додели покровителот на настанот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а Велосипедската федерација на Република Македонија на градоначалникот му додели плакета во знак на благодарност, стои во соопштението од Општиа Илинден



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2024 03:12