По повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо, Кинотеката денеска, утре и на 22 јуни со почеток во 20 часот, ќе прикаже три филма во кои великанот на филмот е во главната улога. Филмовите ќе бидат во оригинален формат, на 35 мм лента, како и во времето на премиерните прикажувања.
Вечер ќе биде прикажан вестернот „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година, утре на програмата е „Квемада - Островот во пламен“ на режисерот Џило Понтекорво од 1969 и в сабота (22 јуни) - филмот „Југозападно од Сонора“ во режија на Сидни Џ. Фјури, снимен во 1966 година.
-Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската публика, соопшти Кинотеката.