Општина Ѓорче Петров за краток период заврши со реализација на два значајни спортски проекти од кои придобивки ќе имаат сите жители на општината.
Задниот дел од дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ доби сосема нов спортско-урбан лик со изградба на новото фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м. Игралиштето ги исполнува сите услови за рекреација и одржување на школската настава по физичко образование.
Завршено е и мини-фудбалското игралиште кај стадионот во Ѓорче Петров на кое најмногу ми се радуваат најмладите жители. Граѓаните од овој дел на Ѓорче Петров имаа навистина голема потреба од вакви игралишта, бидејќи населбата изобилува со млади.
Општината и во следниот период ќе продолжи со инвестирање во спортска инфраструктура.