Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња го продолжи договорот со шпанскиот клуб.
„Како што знаете, по последниот натпревар од сезоната станав слободен агент и можев да одлучам каде сакам да играм следните години. Реал Мадрид веруваше во мене кога многумина не веруваа, тие се грижеа за мене и моето семејство од првиот ден и направи да се чувствуваме како дома, единствената намера ми беше да останам и со задоволство можам да кажам дека ќе го продолжам патувањето уште долго во мојот дом, мојот Реал Мадрид“, објави денеска Хезоња на социјалната мрежа Х.
За хрватскиот кошаркар беа заинтересирани бројни клубови, меѓу кои Барселона, Партизан и Панатинаикос.
Пред сезоната 2022/2023 тој од Уникс се пресели во Реал со кој ја освои Евролигата.
Минатата сезона во Евролигата одигра 38 натпревари и имаше просек од 13,5 поени, 4,6 скокови и една украдена топка и индекс на корисност од 13,3 поени по натпревар.
Хезоња одигра 336 натпревари во НБА од 2015 до 2020 година, за Портланд, Њујорк и Орландо