Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте е воодушевен од своите избраници по победата од 1:0 над Италија во второто коло од групната фаза на ЕУРО.
„Фуријата“ славеше со автоголот на Калафиори во 55. минута, а Донарума ги спаси „азурите“ од поубедлив пораз.
-Ниту еден тим не е подобар од нас, но мораме да продолжиме да работиме напорно - да се подобриме, да ги држиме двете нозе на земја и да не го спуштаме гардот. Не се работи само за свежина и кондиција, фудбалот е до тактика и техника - мислам дека бевме супериорни во се. Имам многу почит кон Италија, но тие се мачеа вечерва, делумно затоа што игравме толку добро, изјави селекторот по мечот.
Де ла Фуенте нагласува дека ова е најдобрата игра на „фуријата“ откако стана тренер во декември 2022 година.
-Шпанските играчи се најдобри во светот, морам да го истакнам квалитетот на оваа генерација играчи. Ги познавам и одвнатре и однадвор, како што тие ме знаат мене. Воодушевен сум, но се уште не сме постигнале ништо. Победивме неколку важни натпревари, но фудбалот може да биде суров, затоа мора да бидеме внимателни, скромни и полни со почит, вели тој.
Шпанија ја совладаа Хрватска пред Италија, а во последното коло во понеделник од 21 часот ќе се сретнат со растеретената Албанија.
-Дури и од страна се гледаше дека ова е првокласна игра. Единствениот минус е што не реализиравме повеќе шанси. Најмногу ми се допаѓа работната етика на играчите и тоа како знаат да се однесуваат во различни фази од играта, заклучи Де ла Фуенте.