Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток.

Претходно, тетовскиот регион денеска попладне беше зафатен од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и повремено појава на град.

Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

-На 112 во ЦУК има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино, соопштуваат од ЦУК



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2024 19:51