Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи пристигнале околу 70 пријави преку единствениот телефонски број 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.
Од ЦУК исто така информираат и дека дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Оттаму известуваат дека немаат информации за повредени лица.
Претходно поради невремето, во делови од Скопје имаше кус прекин со напојувањето со електрична енергија.
Невремето проследено со дожд, ветер и грмотевици се уште трае во централниот дел на Скопје и околината