Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи.
Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии.
– Утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на непогодата и во рок од 360 дена од престанокот на непогодата потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај - Елаборат за утврдената штета во согласност со единствената Методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и да го достават до Комисијата за проценка и утврдување на штета од елементарни непогоди што ја формира Владата. Комисијата што ја формира Владата по претходно добиените извештаи изготвува вкупен извештај за штетата и го доставува до Владата најдоцна во рок од 120 дена од доставувањето на извештајот од страна на општините со што се остварува можноста за обезбедување на парична помош од Буџетот на Републиката. Помошта може да биде во вид на непосредна парична помош или помош со нама