Видео со случајна средба на „стари пријатели“ е хит на интернет-просторот... Имено, Дени и Џон од САД не се беа виделе повеќе од 20 години, а повторно се сретнаа сосем случајно, кога Џон влезе во „Убер“ таксито на Дени.
На почетокот на видеоснимката на „Тикток“, возачот и корисникот на „Убер“ услугата имаат вообичаен, секојдневен разговор... Сѐ додека Џон не го праша таксистот: Како се викаш? Следува препознавање и она воодушевено поздравување меѓу двајца кои не се виделе над две десетлетија.
Инаку, Дени и Џон работеле во ист клуб во Далас, но изгубиле контакт на почетокот на овој век. Пријателите се присетиле на убавото минато и си ветиле дека повторно ќе се видат „на пијачка“. Видеото за само четири дена од објавувањето собра над 9,8 милиони прегледи, речиси два милиони допаѓања и 7.700 коментари.