Џеј Џеј Редик е нов предводник на Лос Анџелес лејкерс. Прес-службата на тимот од Калифорнија официјално објави за назначувањето на својот нов тренер.

Според „The ​​Athletic“, 40-годишниот Американец потпишал договор со клубот на 4 години и ќе заработува околу 8 милиони долари годишно, што ќе го направи еден од најплатените во лигата.

Редик се повлече од кошарката во септември 2021 година. Играше во НБА за Орландо, Милвоки, Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас.

Откако се пензионираше како играч, Редик работеше како експерт и коментатор на ESPN. Во март 2024 година, тој започна заеднички подкаст со ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 16:52