Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, утре (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“.

Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Србија“. Ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со булевар „Трета Македонска Бригада“. На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила.

За време на снимањето обезбедена е полициска асистенција од СВР Скопје.

Продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“ изминатиов период го реализира играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ. Филмот се снима на повеќе локации низ Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 18:03