Минесота тимбервулвс одлучи да го продолжи договорот со главниот тренер Крис Финч.
Како што објави „ESPN“, клубот од Минеаполис ќе потпише нов договор со 54-годишниот кошаркарски стручњак, кој ќе важи до крајот на сезоната 2027/28.
Финч ја води Минесота од 2021 година. Под негово водство, тимот стигна до плејофот во НБА во последните три сезони.
Во сезоната 2023-24, „Волците“ стигнаа до финалето на Западната конференција, најдоброто остварување во историјата на клубот.