По одржаната аудиција, Македонската радио-телевизија, ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за претставници на Република Македонија на годинашниот „Јуниорски евросонг“. Музичкиот натпревар ќе се оддржи на 16 номеври во Мадрид, Шпанија, информираат денеска од МРТ.

- Ана и Алексеј со извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности што никого не оставаат рамнодушен, наведуваат од МРТ.

Двајцата се родени во Битола, учествувале на голем број музички фестивали.

- Таа е родена на 3 мај 2010 година, извонредно талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество и освоени први места на голем број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ги воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана, ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник. Годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал „Сан Ремо јуниор“ Италија. Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти, се додава во соопштението до јавноста.

Алексеј е роден на 7 декември 2011 година.

- Тој е исклучително талентиран млад пејач, кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија. Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив, пишува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2024 17:36